page_image

Energy

Ова е течно органско ѓубриво кое е богато со голем број на органски биоактивни стимулатори( хумусни и фулво киселини, растителен екстракт, витамини, ферменти и др.), кои се екстрахирани од леонардите. Ваквиот негов состав допринесува да има голем број на позитивни ефекти и тоа: зголемување на протокот на растителни течности во растенијата, подобрување на асимилација на минерални елементи од почвата, трансформирање во хелатна форма макро и микроелементите, подобрување на односот помеѓу карбонатите и нитратите и др.

Состав:

Хумусна и фулво киселини, растителен екстрат, биоактивни материи --- 15%

Примена

  • Домати: Оваа органско течно ѓубриво може да се примени кај доматите во сите фази на развој (од поникнување па до крајот на бербата), бидејќи овозможува растенијата подобро да ги усвојуваат хранливите материи. На овој начин растенијата подобро се развиваат и плододаваат.
    При прскање на растенијата на оваа ѓубриво со препарати овозможува подобро дејство и на самите препарати. При прскање ( фолијарно) да се примени во доза од 0.1% (100 мл во 100 л вода), а ако се наводнување треба да се употреби 10 л на хектар.
  • Пипер: Кај оваа култура покрај другите дејства исто така овозможува растенијата подобро да се развијат, а цветањето и заврзувањето на плодовите да е побрзо.
    При прскање да се употерби 0.1% (100 мл во 100 л вода), а при наводнување се употребува 10 л за хектар.
  • Компир: Кај компирот оваа органско, течно ѓубриво го забрзува целиот физиолошки процес што овозможува да се добијат поквалитетни кртули. Ако се примени со прскање (фолијарно) треба да се употреби во доза од 0.1% (100 мл во 100 л вода), а ако се наводнува (фертиригација ), да се употреби 10 л за хектар.
  • Краставици, бостан, дињи: Кај сите овие култури при примената на Energy доаѓа до забрзан раст и развој, со одлично развиен коренов систем, правилен развој на стеблената и лисната маса, подобро цветање и плододавање и др. Во колку се примени со пскање да се употреби 0.1% (100 мл во 100 л вода), а во колку се наводнува да се примени во доза од 10 л за хектар.
  • Јаболка, Винова лоза: Во лозарството е констатирано дека при редовна примена на оваа органско- течно ѓубриво доаѓа до: подобар развој на ластарите, подобра фотосинтеза, поквалитетни гроздаци, подобро дејство на препаратита за заштита и др. Затоа се препорачува да се примени во сите фази на развој на растенијата т.е од почеток на вегетација па до берба на грозјето. При прскање да се употреби 100 мл во 100 л вода , ако се наводнува тогаш дозата е 10 л за хектар.
  • Јаболка: Кај јаболката во пракса е констатирано дека Energy дава врвни резултати. Тоа помага при прскање препаратите подобро се усвојат со што и нивното дејство е поголемо. Исто така дава поквалитетна лисна маса , а со тоа и фотосинтетските и другите биохемиски процеси кај растенијата да се подобри. Сето оваа допринесува да се добие поквалитетен и поквантитетен род. Затоа наша препорака е оваа ѓубриво да се применува во сите фази на развој на растенијата, т.е од почеток на вегетацијата па до самата берба. Во колку се примени со прскање (фолијарно) тогаШ дозата е 100 мл во 100 л вода, а при наводнување треба да се примени 10 л за хектар.

Компатибилност:

Може да се примени со најчесто употребувани пестициди, но најдобро е претходно да се направи проба на мало.

« врати се назад

Наши Партнери