page_image

nPk 3 (8-8-8) +ME

Произведено од  ДТУ„Агромаркет Игор“ дооел

Ова е минерално течно ѓубриво со изедначен состав, кое тежи кон правилен баланс на хранливите елементи. Азотот (N)е важен биоген макроелемент кој учествува во голем број биохемиски и физиолошки процеси во растението. Тој покрај другото го стимулира растот и развојот, односно ја зголемува вегетативната маса кај растенијата.Кога растенијата се млади, односно во фаза на расадување или садење се препорачува примена на фосфор со цел подобро и побрзо вкоренување. Исто така потребата од Р е поизразена при цветањето и оплодувањето на земјоделските култури. Калиумот (K) учествува  во процесот на фотосинтеза, дишење и во други оксидо-редукциски процеси и претставува добар регулатор на водниот режим во растението. Микроелементите влијаат на миграцијата и прераспределбата на елементите во растенијата. Се препорачува во градинарството, полјоделството, овоштарството, лозарството и цвеќарството.

Доза на употреба : фолијарна апликација (со прскање) 0,2-0,3%, односно 200-300 mL во 100L вода. Фертиригација (со наводнување) 1-3L за 1 декар.

Пред употреба ѓубривото добро да се промеша.

Ѓубривото да се чува на температури повисоки од +80С.

« врати се назад

Наши Партнери